-9.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Отворена првата билингвална паралелка на италијански јазик во нашата земја

Најчитани вести

За првпат во нашата држава од оваа учебна година во средното училиште „Никола Карев” во Скопје почнува со работа билингвална паралелка на италијански јазик, каде учениците италијанскиот јазик ќе го изучуваат во шест часа неделен фонд и на крајот од четиригодишното школување ќе добијат сертификат Б2 за познавање на италијанскиот јазик.

Министерката за образование и наука Мила Царовска, по посетата на средното училиште „Никола Карев” во Скопје на почетокот на новата учебна година, им го честита стартот на учебната година со физичко присуство на сите ученици од нашата држава и изрази чест што присуствува на отворањето на првата италијанска паралелка.

– Навистина ми е драго што денеска, на 1 септември можеме да објавиме отворање на нова паралелка, билингвална на италијански јазик, за првпат во историјата на нашата држава, изјави Царовска.

Директорот на „Никола Карев”, Андреј Манолев, порача дека учениците од новата паралелка, италијанскиот јазик ќе го изучуваат во шест часа неделен фонд и тоа два часа редовен и четири часа дополнителен корикулум.

– Ќе се изучува културата, книжевноста, уметноста и историјата. Учениците на крајот од четиригодишното школување ќе добијат сертификат Б2 за познавање на италијанскиот јазик, што многу лесно ќе им овозможи да се запишувата на некој од универзитетите во Република Италија, изјави Манолев.

Градоначалникот Петре Шилегов, посочи дека во италијанската паралелка, годинава се запишани 23 ученици во прва година, кои наставата ќе ја посетуваат во две смени.

– Голема благодарност до директорот на гимназијата, министерката за образование, Амбасадата на Република Италија, кои заедно со Градот Скопје овозможивме да внесеме новина во средното образование, на нашите ученици, порача Шилегов.

Италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри, порача дека има зголемен интерес за изучување на италијанскиот јазик и култура во нашата земја.

– Во 2018 година Владата донесе закон со кој се овозможува италијанскиот јазик да се изучува во примарно учичиште, што е многу важно. Денес има речиси 2.000 ученици во примарните и секундарни училишта низ целата земја. Важно е дека има интерес и од учениците и од родителите, изјави Силвестри.

Остануваме, порача Силвестри, блиски партнери на Северна Македонија, како економски и политички, така и културно.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com