30.8 C
Skopje
Friday, July 23, 2021

Отворена истрага против скопјанец кај кого беше пронајдена марихуана и амфетамин

Најчитани вести

Скопје, 20 септември- Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

„Кај 20-годишниот скопјанец, на 18 септември, полициските службеници пронашле наркотична дрога марихуана во тежина од 1,96 грама, 89 таблети со светло зелена боја и неправилна форма со активна компонента психотропна супстанција амфетамин, две таблети спакувани во зипер-ќесичка, како и прашкаста материја свиткана во парче тоалетна хартија со тежина од 0,31 грам. Дополнително, при претрес во неговиот дом била пронајдена бела грутчеста материја со вкупна тежина од 12,71 грама, за која со испитување било утврдено дека исто така претставува психотропна супстанција – амфетамин, стимуланс на централниот нервен систем кој е класифициран во Националната листа I на контролирани психотропни супстанции“ соопшти обвинтелството.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и на опасност осомничениот да го повтори кривичното дело, особено затоа што се работи за лице претходно осудувано за исто кривично дело, но и за дело – Загрозување на сигурноста, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. извор: Makfax

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести