-4.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Отворање локален центар за е-поддршка на земјоделците и локалното население во Кичево

Најчитани вести

Рурална коалиција денеска во Кичево ќе го отвори првиот локален центар за е-поддршка на земјоделците и локалното население и ќе ја одржи првата презентација за нивото на дигитална писменост на локално ниво.

На презентацијата е предвидено присуство на претставници од локалната самоуправа во Кичево, како и подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, Управата за јавни приходи, како и останатите локални институции кои делуваат на територијата на општина Кичево.

На средбата обраќање ќе имаат претставници од општина Кичево и од Подрачната единица на Министерството за земјоделство за степенот на користење на дигиталните услуги на локално ниво, а од страна на проектниот тим, во рамки на проектот Дигитализација во земјоделството – СЕГА! ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето кое беше реализирано во периодот јануари-февруари 2021 година во пет плански региони во Кичево, Врапчиште, Гостивар, Старо Нагоричане, Куманово, Струмица, Прилеп и Кривогаштани.

-Една од главните цели на проектот е зголемување на соработката со институциите на локално ниво, како и зголемување на довербата и сигурноста во електронската комуникација и користењето на е-услугите со што директно ќе придонесеме за реализација на Дигиталната агенда на државата, наведуваат од Рурална коалиција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com