3.8 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Осум повредени во седум сообраќајки

Најчитани вести

Скопје, 4 октомври- Двајца сопатници се здобиле со тешки телесни повреди, а шест лица се здобиле со лесни повреди во седум од вкупно 10 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на град Скопје. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје се исклучени девет возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, двајца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, десет пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден возач почетник и шест возила нерегистрирани.

За непрописно паркирање се издадени 53 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 44 возила.

Казнети се и еден возач кој поминал на крстосница на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за неправилно престројување, тројца за не правилно престигнување, еден возач за не користење на заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, 12 возачи за не носење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 12 возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторни возила.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com