Home » Осум навики на луѓето кои речиси никогаш не се разболуваат

Осум навики на луѓето кои речиси никогаш не се разболуваат

by Журнал.мк

Дали сте се запрашале што прават луѓето кои речиси никогаш не се разболуваат, ниту од сезонска настинка? Покрај генетиката која игра голема улога, сепак имунолошкиот систем е повеќе од генетика и е поврзан со животниот стил.

Ова се навиките на луѓето кои ретко се разболуваат:

Користете Витамин Ц

This image has an empty alt attribute; its file name is Photo-1-576x1024.webp

Силниот имунолошки систем не штити од вируси и останати штетни влијанија и така придонесува да останеме здрави. Витаминот Ц особено, ни помага да го зацврстиме нашиот имунолошки систем. Бидејќи нашето тело не може самостојно да произведе витамин Ц, мора да го внесеме преку храна и пијалоци. Балансираниот начин на исхрана, во која има висок процент на овошје и зеленчук ги обезбедува препорачните дневни дози на витамин Ц. Тие се – 95 мг дневно за жени и 110 мг на ден за мажи.

Спијте доволно

This image has an empty alt attribute; its file name is Photo-2.jpg

Бројни студии укажуваат дека квалитетниот сон го помага правилното функционирање на имунолошкиот систем, а експертите препорачуваат од 7 до 9 часа сон за подобар имунитет.

Смејте се

This image has an empty alt attribute; its file name is srekja-1.jpg

Смеењето е здравје. Ако омилени филмови ви се драми и хорор, време е за промена. Гледајте комедии и измамете насмевка на Вашето лице. Токму насмевката и хормонот на среќа се тие кои го зајакнуваат организмот.

Јадете зелен листест зеленчук

This image has an empty alt attribute; its file name is Photo-4.jpg

Здравите луѓе консумираат многу зелен лисест зеленчук. Овој зеленчук содржи многу антиоксиданти и витамини кои го подобруваат имунитетот. Бројни истражувања покажуваат дека зелениот лисест зеленчук има суштинско значење за имунолошкиот систем.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk