Home » Осум земји од ЕУ против стандардот „еуро 7“

Осум земји од ЕУ против стандардот „еуро 7“

by Журнал.мк

Претставниците на европската автомобилска индустрија се прилично поделени, а тоа најдобро го покажа ситуацијата околу забраната за продажба на нови автомобили на фосилни горива и можноста за воведување на т.н. синтетички или е-горива. Кога станува збор за воведувањето на нормата „еуро 7“, се добива впечаток дека тие се нешто пообединети, односно дека противењето им е уште поголемо.

Значително построгите стандарди треба да стапат во сила на 1 јули 2025 година, а тоа треба да донесе драстично зголемување на цената на автомобилите како резултат на поставување почисти мотори, односно системи за третман на издувните гасови. Бројни производители најавија дека автомобилите ќе станат толку скапи што повеќе нема да биде конкурентно да се произведуваат помали градски модели.

А можноста за намалување на производството беше аларм за владите на одредени земји. Сега дури осум земји-членки на ЕУ потпишаа заеднички документ со кој се спротивставуваат на „новите правила за емисија на издувни гасови“. Притоа меѓу нив ја нема Германија која толку силно се бореше против забраната за бензински и дизел мотори.

Франција сега е лидер, а потоа следат Италија, Романија, Бугарија, Полска, Унгарија, Словачка и Чешка. Велат дека со ова планираните инвестиции за декарбонизација ќе се пренасочат во други области, пренесува „Индекс“.

„Ројтерс“ посочува дека овие осум земји имаат доволно претставници да го блокираат предлог-законот во Брисел.

За потсетување, Карлос Таварес, првиот човек на „Стелантис“ (Stellantis), во чиј состав е и поранешниот концерн ПСА, веќе истакна дека воведувањето на стандардот „еуро 7“ ќе има негативно влијание врз европската автомобилска индустрија. Пред „Фолксваген“, Томас Шафер рече дека автомобилите ќе станат толку скапи што моделите како „поло“ и „фабија“ ќе бидат прескапи и затоа недостапни за традиционалната клиентела.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More