17.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Осуммина повредени во сообраќајка кај Гостивар

Најчитани вести

Гостивар, 20 декември- Осум лица се задобиле со повреди откако на еден од влезовите на Гостивар се судриле автомобил и комбе. Меѓу повредените е и малолетено лице кое без дозвола управувало со едното возило.

Според СВР Тетово, утрово, околу 6 часот и 50 минути, на надвозникот на влезот во Гостивар се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила со гостиварски регистарски ознаки, „фолксфаген голф“ управуван од 16-годишник од Гостивар и комбе „мерцедес“ што го управувал С.С.(34), исто така, од Гостивар.

Во несреќата, двајцата возачи и шест сопатници (три машки и три женски лица) од Гостивар и гостиварско Здуње, на возраст од 30 до 58 години, здобиле телесни повреди и пренесени се во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com