6 C
Skopje
Saturday, April 17, 2021

Осудениот Бобан Илиќ во случајот со Алмир Алиу треба да се појави во затвор

Најчитани вести

Основниот суд Куманово ја уважи жалбата на кумановското Обвинителство изјавена против решение на судија за извршување на кривични санкции, донесено на 19 февруари 2021 година, со кое на осудениот Б.И. од Куманово му се одобри барањето за одлагање на почетокот за извршување на казната затвор, соопштија од ОЈО Куманово.

– Имено, Обвинителството незадоволно од донесеното решение, поднесе Жалба на 22 јануари 2021 година, со која побара кривичниот совет при Основниот суд Куманово да го преиначи решението во насока осудениот веднаш да ја извршува досудената казна. Казната затвор во траење од 4 години, по поднесено обвинение на кумановското обвинителство и судска постапка, на осудениот му беше изречена од Апелациониот суд, а за сторено кривично дело – Тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осудениот го стори кривичното дело на 25 јуни 2016 кога со автомобил му нанесе тешки телесни повреди со смртна последица на четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово, информираа од кумановското Обвинителство.

Одлучувајќи по поднесената жалба од Обвинителството, Основниот суд Куманово донесе Решение со кое го преиначи решението на судијата за извршување на кривични санкции и осудениот го задолжи веднаш по приемот на одлуката да се јави во казнено – поправна установа за да започне со издржување на затворската казна.​

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести