23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Остров од 11 хектари чини околу 90.000 евра

Најчитани вести

Островот на елените со површина од околу 11 хектари се наоѓа на мирното езеро Лох Моидарт на западот на Шкотска.

Тоа што предизвикало интерес кај јавноста кога станува збор за овој остров, е изненадувачки ниската почетка цена од околу 93.000 евра.

Додека во Лондон за наведената сума можете да добиете една гаража, во Скопје стан од 100 квадрати, во Шкотска за истата цена добивате цел остров.

Ненаселениот остров претставува простор во кој може да се ужива без никакви можности за вознемирување благодарение на неговата оддалечена положба, истакнале од аукциската куќа “Future Propertu”.

Во близина на островот се наоѓа средновековниот дворец Тиорам, кој е изграден во 13-тиот век, а денеска е урнатина.

Островот се продава откако 500 години бил во сопственост на исто семејство, објаснил агентот за недвижнини Стивен МекЛукс.

Идниот сопственик ќе биде сосед со семејството на британскиот бизнисмен Ричард Бренсон, чија сестра Ванеса Бренсон го поседува островот Еилеан Шон, остров најблиску до Островот на елените.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести