7 C
Skopje
Friday, January 22, 2021

Останува одлуката ресорот за проширување на ЕУ да го води Унгарец

Најчитани вести

Кандидатот на Унгарија за еврокомесар Оливер Варељи ќе го задржи ресорот за проширување и соседска политика, потврди Европската комисија.

Портпаролот на именуваната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди дека нема промени во распределбата на ресорите по назначувањето нови кандидати од Унгарија, Романија и Франција за составот на новата комисија.

„Кандидатот за комесар Оливер Варељи останува да го води одделот за соседство и проширување“, изјави портпаролот Ерик Мамер.

Оливер Варељи, поранешен амбасадор на Унгарија во ЕУ, го замени поранешниот унгарски министер за правда Ласло Трочањи, кој беше разрешен како кандидат за еврокомесар поради утврден судир на интереси.

Познато е дека дури и по замената на првично предложените кандидати, Франција ќе го задржи секторот за внатрешниот пазар на ЕУ, Романија ресорот за транспорт, а Унгарија ќе го добие проширувањето.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести