8 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Остануваат на сила истите мерки против коронавирус во Србија

Најчитани вести

Во Србија остануваат на сила досегашните мерки против ширењето на коронавирусот. На денешната седница на Кризниот штаб е донесена одлука дека е дозволено работното време на угостителите и другите непрехранбени објекти до 20 часот.

Исто така, како што се додава, донесена е и одлука дека нема причина второто полугодие да не почне кога е и планирано, на 18 јануари.

Српските медиуми пренесуваат дека како образложение за продолжување на постоечките мерки е податокот дека тие даваат резултати, а дека нивната примена не е временски ограничена, туку ќе се следи ситуацијата.

Остануваат на сила и мерките и за ПЦР тестовите за странци, при влез во Србија. Едногласно е одлучено и дека нема да има ограничувања за дочек на Српската нова година.

Инаку, на сила се мерките: забрана за собир на повеќе од пет луѓе, задолжително носење на маски во затворено, ПЦР тестови или карантин од 10 дена при влез во Србија и ограничено работно време – сите угостителски објекти и трговски центри работат до 20 часот, а продавниците до 21 часот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести