33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Осомничен избегал од пред кривичниот суд

Најчитани вести

Утринава од пред кривичниот суд на затворската полиција ѝ избегало лице кое било спроведувано до судот за одржување судски процес.

За настанот потврдија и од Основниот кривичен суд од каде објаснуваат дека се работи за обвинет кој бил спороведен во судот на рочиште по предмет поврзан со криумчарење на мигранти.

„Се работи за настан што се случил надвор од судот за што е задолжена затворската полција, а не во просториите на Основниот кривичен суд. При влез во судот, негов спровод до судницата и излез од судската зграда, од страна на судската полиција испочитувани се сите безбедносни мерки“, информираат од судот.

Од таму исто така порачуваат повеќе информации поврзани со овој настан да се очекуваат од надлежната Казнено-поправна установа и МВР.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести