Шефот на дипломатијата и претседавач со ОБСЕ, Османи рече дека двете организации почиваат на вредности и принципи и потенцираше дека земјава како претседавач со ОБСЕ ќе се води од заложбите зацртани во Хелсиншката декларација, a кои се сурово прекрешени од страна на Русија со агресијата врз Украина
Честитајќи му на Османи за преземањето на претседателството со ОБСЕ, заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана рече дека Организацијата е од огромно значење за евроалтанската стабилност и меѓународниот поредок заснован на правила, кој, како што посочи, е загрозен од Русија
ОБСЕ и НАТО и покрај различната природа како организации, имаат простор во кој може да дејствуваат заедно и да допринесат за стабилноста и безбедноста на Европа, особено по руската инвазија на Украина, заеднички оценија шефот на македонската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи и заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана.
Двајцата се обратија пред медиумите пред почетокот на денешната тематска сесија на Северноатлантскиот совет на НАТО на која ќе се разговара за теми во доменот на двете организации. Во рамките на состанок, Османи ќе ја презентира и програмата на Северна Македонија во рамките на нејзиното претседавање со ОБСЕ.
На кратката прес-кофренеција, шефот на дипломатијата рече дека двете организации почиваат на вредности и принципи и потенцираше дека земјава како претседавач со ОБСЕ ќе се води од заложбите зацртани во Хелсиншката декларација, a кои се сурово прекрешени од страна на Русија со агресијата врз Украина.
„И покрај различната природа, и НАТО и ОБСЕ играат важна улога во архитектурата на европската безбедност и иднината на стабилноста и безбедноста на континентот. Двете организации почиваат на принципи и вредности. Во случајот на ОБСЕ, заложбата темелена на Хелсиншката деклрација бешесурово прекршена при агресијата (врз Украина н.з.). Како што на Северна Македонија и е доверена улогата на чувар на оваа заложба, овде сум да ја потврдам посветеноста дека единствениот излез е да се биде на линија на Хелсиншката декларација“,
рече Османи.
Како и во Виена и Киев пред две недели, Османи посочи дека клучниот фокус на нашето претседавање со ОБСЕ ќе биде Украина. Тој и денеска до седиштето на НАТО во Брисел порача дека агресијата мора да запре и дека цивилните жртви и разурнувањата се неприфатливи.
Но исто така, посочи Османи, фокусот мора да биде ставен и на други горливи прашања кои изникнуваат во регионот на ОБСЕ и предизвикуваат тензии, а кои се поттикнати и последница на агресијата на Русија.
„Мора да го држиме вниманието на овие тензиите. ОБСЕ има богата палета на алатки дизајнирани за адресирање на вакви прашања, има докажано досие на справување со тензиите и враќање на мирот. Ова исто така ќе биде фокусот на нашето претседавање. ОБСЕ има свои предности кои произлегуваат од нејзиниот сеопфатен пристап кон безбедноста, НАТО пак има свои предности и мислам дека има простор во кој може да соработуваме со цел да допринесеме за стабилноста и безбедноста на нашиот регио“,
истакна Османи.