Home » Османи: Ќе се придружиме на сите одлуки на ЕУ во осуда и дефинирање на односот со Русија

Османи: Ќе се придружиме на сите одлуки на ЕУ во осуда и дефинирање на односот со Русија

by Журнал.мк

Нашата позиција кон Руската Федерација во котекст на оваа агресија е јасно искажана, таа е јавно манифестирана и ние ќе се придружиме на сите одлуки на ЕУ во осуда, но и во дефинирање на односот кој ќе го имаме со Руската Федерација.

Ова го истакна на денешниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на прашање во однос на последиците од фактот што Москва ја стави нашата земја на листата на непријателски земји на Русија. Тој додаде дека тоа ќе го направат во координација со ЕУ, а не на основа на билатерална одлука.

-Јас реков дека нашиот однос кон Руската Федерација визави воената агресија ќе го координираме со членките на ЕУ, со ЕУ, се разбира и со НАТО и другите организации во коишто припаѓаме. Така што сме во координација, се разбира доколку имаме податоци за нарушување на Виенската конвенција, на правилата на однесување ќе постапиме и билатерално, меѓутоа во однос на политичките пораки коишто би ги пратиле до Руската Федерација сите тие одлуки ќе ги донесеме заедно во координација со ЕУ, рече Османи.

Шефот на дипломатијата ја оцени како непристојна објава и класична закана објавената информација од страна на Руската амбасада, дека со големо внимание се следи како што посочуваат, невиденото ниво на русофобија забележано во голем број странски земји во светлината на специјалната воена операција во Украина и предупредувањето дека сите вакви инциденти се внимателно евидентирани, и ќе бидат пренесени до надлежните органи за правна проценка, а виновниците ќе одговараат согласно важечките закони.

-Таа е непристојна објава и е класична закана која што не е објавена само кај нас, туку во сите земји во светот, пред се во Европа и ние ја интерпретираме како таква, како закана која што е надвор од нормалната дипломатска комуникација помеѓу две држави, оцени Османи и најави дека врз основа на тоа, после брифингот има организирано средба во Министерството за да одлучат која ќе биде нашата реакција по однос на оваа објава, за што ќе дополнително ќе информираат по состанокот.

Тој посочи дека Македонија целосно се приклучи на санкциите коишто ги воведе ЕУ и оти сите наши активности визави конфликтот ги координираме со ЕУ или со НАТО, пред се со ЕУ, односно не преземеме билатерални мерки како и повеќето земји коишто се или членки на ЕУ или се кандидати за ЕУ.

– Тоа се листа на санкции коишто се провлекуваат од 2014 година, 300 страници материјал, се работи за голем број на мерки, на рестриктивни мерки, ограничувања, таргетирања економски оператори, индивидуи и групи во Руската Федерација. Сите тие се формализираат на седница на Влада поединечно сите тие одлуки од 2014 досега, како се финализираат, постои координативно тело во МНР во кое што се вклучени претставници од другите институции за да се координира имплементацијата на овие рестриктивни мерки и тие санкции, додаде Османи.

Тој информира дека веќе имало еден состанок минатата недела во МНР за да се информираат институциите, кој вид на санкции, кои лица, кои економски оператори се вклучени за да може сите да преземаат мерки во рамки на својот домен, дали е тоа Царина, дали се тоа другите институции. – Ова координативно тело има механизми да ги следи. Доколку кој било постапува незаконски и надвор од одлуките на Влада се разбира постојат и за тоа начини како да се санкционираат, нагласи Османи.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk