Home » Османи ќе се обрати на Специјалната итна седница на Генералното собрание на Обединетите нации

Османи ќе се обрати на Специјалната итна седница на Генералното собрание на Обединетите нации

by Журнал.мк

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе се обрати на 11. Специјална итна седница на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Османи во обраќањето пред ГС на ОН ќе стави акцент на воената агресија на Русија врз Украина, со барање да запре војната и страдањата на луѓето, а ќе се осврне и на главните приоритети и досегашните активности во реализирањето на Програмата на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023, особено на зголемувањето на сигурноста и безбедноста на граѓаните, во контекст на нашето мото „За луѓето се работи“, имајќи ги предвид состојбите и во други земји на ОБСЕ регионот.

Од Кабинетот на министерот најавуваат дека тој ќе реализира и билатерални средби со министрите за надворешни работи на Естонија, Унгарија и Холандија, како и со потсекретарот на Обединетите нации за политичко-безбедносни работи Розмари Ди Карло. Планирани се средби и со претставници на дијаспората на Северна Македонија во САД.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk