Home » Османи ја нацрта преговарачката рамка со креда на табла: Во одредниците за напредокот на земјата кон ЕУ не е Договорот со Бугарија

Османи ја нацрта преговарачката рамка со креда на табла: Во одредниците за напредокот на земјата кон ЕУ не е Договорот со Бугарија

by Журнал.мк

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на несекојдневен и сликовит начин ја претстави преговарачката рамка и како ќе се одвива пристапниот процес во Европската Унија преку видео кое го сподели на неговиот Фејсбук профил. 

Со цел да ги демантира шпекулациите за нејзината содржина, како што наведува Османи во видеото, тој преку скица на преговарачката рамка, што ја исцрта со креда на табла, ги претстави  деловите од коишто е составена. Османи потенцира дека Договорот за пријателство со Бугарија, работата на Историската комисија и прегледите од член 12 од истиот Договор не можат да бидат пречка за отворање и затворање на поглавјата за преговори со ЕУ.

„Преговарачката рамка е составена од општ и специјален дел. За општиот дел, општите одредби нема извештај или гласање од земјите-членки кои би можеле да претставуваат пречка“, вели Османи.

За специјалниот дел од преговарачката рамка, односно 35-те поглавја има одредници – за отворање и за затворање на поглавјата. За исполнувањето на овие одредници, вели Османи има и извештај и гласање од секоја земја-членка на ЕУ. 

„Одредиците се содржани во трите патокази што ќе ги подготвиме после скринингот –патоказ за владеење на правото,за јавната администрација и за демократските институции. Во патоказот за владеење на право се наоѓа одредница за акциски план за малцинства, кој не се однесува на некое специфично малцинство, туку генерално за сите, етнички и неетнички малцинства“, појаснува министерот.

Она што е поважно, вели Османи, е дека во ниту една од овие одредници, патокази, односно скалила во специјалниот дел од преговарачката рамка нема никаква референца или поврзаност со Договорот за пријателство со Бугарија, ниту со работата на Историската комисија, ниту пак прегледите од член 12 од истиот Договор.

„Напротив, и Договорот за пријателство и прегледите од член 12 од Договорот, како и Договорот со Грција се нотирани во општиот дел од рамката, делот за кој ниту се изготвува извештај од страна на Европската Комисија, ниту претставува предмет на гласање, или одобрување од страна на Советот на ЕУ, односно земјите- членки на Унијата. Тоа не значи дека ние нема да работиме на нивната имплементацијата, ние секако ја имаме преземено таа обврска и тоа ќе го правиме во добра волја, но тие не се одредници за кои ќе се изготвува извештај или ќе се гласа и оттука не можат да бидат основа за нова пречка на патот кон ЕУ“, појаснува Османи.

Кратко објаснување на суштината на преговарачката рамка со ЕУ, како одговор на бројните шпекулации поврзани со нејзината содржина.Прво, преговарачката рамка е поделена во два дела – општ и специјален дел.Во општиот дел се т.н. општи одредби од преговарачката рамка за коишто ниту се прави писмен извештај од Европската Комисија, ниту е потребно гласање од страна на Европскиот совет, т.е., од стана на земјите-членки на Унијата. Во специјалниот дел се наоѓаат 35-те поглавја, за кои постојат одредници кои мора да се исполнат и за кои Европската Комисија подготвува извештај, а земјите- членки со гласање го одобруваат. Овие одредници се содржани во трите патокази што ќе ги подготвиме после скринингот, а ќе ги усвои Европската Унија. Toa се: патоказ за владеење на право, патоказ за јавна администрација и патоказ за демократски институции. Во еден од овие патокази, патоказот за владеење на право, се наоѓа акциски план за малцинства, за сите малцинства, етнички или неетнички.Она што е поважно е што во ниту едно од овие одредници, патокази или скалила во специјалниот дел од преговарачката рамка нема никаква референца или поврзаност со Договорот за пријателство со Бугарија, никакви референци по прашањето на работата на Историската комисија, ниту пак прегледите од член 12 од истиот Договор. Напротив – и Договорот за пријателство и прегледите од член 12 од Договорот, како и Договорот со Грција се нотирани во општиот дел од рамката, делот за кој ниту се изготвува извештај од страна на Европската Комисија, ниту претставува предмет на гласање, или одобрување од страна на Советот на ЕУ, односно земјите-членки на Унијата. Тоа не значи дека ние нема да работиме на нивната имплементацијата, ние секако ја имаме преземено таа обврска, но и тоа ќе го правиме во добра волја, но тие не се одредници за кои ќе се изготвува Извештај или ќе се гласа и оттука не можат да бидат основа за нова пречка на патот….Sqarim i shkurtër i përmbajtjes së Kornizës negociuese me BE-në, si përgjigje ndaj spekulimeve të shumta lidhur me përmbajtjen e sajFillimisht, Korniza negociuese ndahet në dy pjesë – një pjesë e përgjithshme dhe një pjesë e veçantëPjesa e përgjithshme i përmban të ashtuquajturat dispozita të përgjithshme të Kornizës negociuese për të cilat nuk bëhet raport me shkrim nga Komisioni Evropian dhe as nuk kërkohet votim nga Këshilli Evropian, d.m.th. nga shtetet anëtare të Unionit.Në pjesën e posaçme janë 35 kapituj, për të cilët ka standarde që duhet të plotësohen dhe për të cilët Komisioni Evropian përgatit raport dhe shtetet anëtare e miratojnë me votim. Këto dispozita janë të përfshira në tre udhërrëfyesit që do t'i përgatisim pas Skriningut, të cilat do të miratohen nga Bashkimi Evropian. Këto janë: Udhërrëfyesi për Sundimin e Ligjit, Udhërrëfyesi për Administratën Publike dhe Udhërrëfyesi për Institucionet Demokratike. Në njërin prej këtyre udhërrëfyesve, Udhërrëfyesin për Sundimin e Ligjit, ekziston plan aksionar për pakicat, për të gjitha pakicat, etnike apo joetnike.Ajo që është më e rëndësishme është se në asnjërin nga këto dispozita, udhërrëfyes apo pika të pjesës së posaçme të Kornizës negociuese nuk ka ndonjë referencë apo lidhje me Marrëveshjen për Miqësi me Bullgarinë, asnjë referencë për çështjen e punës së Komisionit të historisë e as rishikime të Nenit 12 nga e njëjta Marrëveshje.Përkundrazi – edhe Marrëveshja e Miqësisë ashtu edhe rishikimet nga Neni 12 i Marrëveshjes ashtu si edhe Marrëveshja me Greqinë janë të shënuara në pjesën e përgjithshme të Kornizës, pjesa për të cilën nuk hartohet ndonjë raport nga Komisioni Evropian dhe as që i nënshtrohet votimit ose miratimit nga Këshilli i BE-së, përkatësisht nga shtetet anëtare të Unionit. Kjo nuk do të thotë se ne nuk do të punojmë për zbatimin e tyre, sigurisht që e kemi marrë përsipër këtë detyrim, do ta bëjmë me vullnet të mirë, por nuk janë standarde për të cilat do të hartohet raport ose të votohet, prandaj ato nuk mund të jenë bazë për një pengesë të re në rrugë.

Posted by Bujar Osmani on Saturday, August 5, 2023

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk