1.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

Османи: Химната не е инклузивна, но нема преговори за промена на државните симболи

Најчитани вести

Шефот на дипломатијата Бујар Османи демантира дека владините партнери Зоран Заев и Али Ахмети преговараат за промена на химната, грбот и знамето. Тој во гостување на ТВ21 вели дека тоа е несериозно пренесување на изјава на лидерот на ДУИ.

– Дека се преговара пишуваат медиуми, а не дека Ахмети вели. И јас можам да демантирам дека Ахмети рекол такво нешто, и тоа е несериозно пренесување на изјава која е за пред 20 години кога се разговарало за знамето, за химната, за грбот. Згора на тоа имаше промена на грбот. Но, нема такви преговори, а очигледно е дека прашањето на химната не е инклузивен елемент во државата, и тоа го чувствувате на спортските натпревари кога се нè спојува, освен химната каде еден голем дел од граѓаните не се гледаат внатре, не се споменуваат. А, ние градиме едно мултиетничко општество за кое сите ни завидуваат – вели Османи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести