12.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Османи пред пратениците ќе објаснува за што се разговара со Бугарија

Најчитани вести

Собраниската Комисија за навдорешна политика денеска треба да одржи седница на која што на дневен ред е разгледување на прашањето за почеток на пристапните преговори со ЕУ за време на португалското претседателство, а во контекст на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија, потпишан на 01.08.2017 година.Претседателот на Комисијата, пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ минатата недела побара од министерот за надворешни работи Бујар Османи да реферира пред членовите на ова собраниско тело за што се разговара со Бугарија, пред состанокот на Советот на ЕУ следната недела.

Османи вчера потврди дека денеска во собраниската Комисија ќе има можност отворено да разговара со пратениците за, како што рече, хронолошки да ги објасни активностите што се преземени сите овие месеци за да се обезбеди исчекор на европскиот пат.

„Иако целиот овој период се обидов да бидам транспарентен со јавноста во однос на тоа што разговараме, што се пречките, кои се принципите, кои се нашите очекувања, добро е да се направи пресек пред пратениците. Така што ќе се објаснат позициите наши, односно тоа дека Република Северна Македонија ги има исполнето сите услови за почнување преговори и преговорите заслужува да ги почне”, рече Османи во интервју за Телма.

Тој додаде дека ставот на 26 земји членки е оти Македонија е најдоброто досие во регионот и дека преговорите мора да почнат, а секое одложување значи сериозно нарушување на кредибилитетот на процесот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com