Home » Османи од Калкута: Животниот повик на Мајка Тереза за хуманост потребен повеќе од кога било

Османи од Калкута: Животниот повик на Мајка Тереза за хуманост потребен повеќе од кога било

by Журнал.мк

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска во рамки на својата официјална посета на Индија, го посети вечното почивалиште на Мајка Тереза и положи цвеќе на нејзиниот гроб. 

Османи во Калкута, каде што Макја Тереза помина 69 години од нејзиниот живот, ја посети нејзината куќа позната како Куќата на Мајката и Црквата на Мајка Тереза. 

Иако најголемиот дел од животот таа го минува во Индија, Мајка Тереза никогаш не престанува да го споменува нејзиното родно место Скопје и да биде нераскинлива врска помеѓу нашите земји – обединети во благородноста на нејзините дела и светоста на нејзинот лик, истакна Османи. 

„Сведочејќи како изгледал нејзиниот живот, скромноста на една толку голема личност не остава никого индифирентен и без чувство на одговорност кон нејзиното наследство и мисија – да се помогне на најранливите и да се нахранат и најсиромашните, но не само со леб, како што знаеше таа да каже, туку и со љубов и почит“, истакна Османи. 

Посетата на Османи се случува само на неколку дена пред одбележување на 26 години од нејзината смрт на 5-ти септември и седум години од нејзината канонизација во светица на Католичката црква. 

„Од нејзиниот живот е очигледно дека Мајка Тереза се придржувала до екстремна флексибилност и приспособливост во однос на различните култури и етнички групи, карактеристики кои сум сигурен дека биле длабоко врежани во неа и во начинот на кој била воспитувана уште од најрана возраст од нејзиното семејство во Скопје. Овој концепт ги надмина и продолжува да ги премостува бариерите на религијата и етничката припадност и ги нагласува идеите за толеранција и хармонија во однос на сите различности“, рече Османи. 

Османи истакна дека е воодушевен од начинот на кој сестрите на милосрдието доследно ја почитуваат и ја спроведуваат мисијата на Мајка Тереза грижејќи се за помалку привилегираните, болните и страдалните, не само овде во Западен Бенгал, туку и во целиот свет од страна на нејзините следбеници, мисионери на милосрдието. 

Министерот Османи, кој е голем почитувач на делото на Мајка Тереза, од нејзиното вечно почивалиште уште еднаш повтори дека како нејзини потомци имаме одговорност да го продолжиме заветот на Светата Тереза. Тоа најдобро можеме да го направиме преку нагласување на значењето на човековото достоинство и поголема меѓусебна почит, разбирање и толеранција, рече Османи.

Османи во Индија оствари средби и со државниот врв, потпретседателот на Индија, Џагдееп Дханкар, министерот за надворешни работи Субрамањам Џаишанкар, министерот за трговија и текстил Гојал. Османи во Индија ќе има средби и со претставници од Западен Бенгал.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk