14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Османи од Германија ја почнува интензивната надворешно-политичка турнеја

Најчитани вести

Министерот за надворешни работи Бујар Османи од денеска почнува нова надворешно-политичка турнеја, со присуство во неколку значајни метрополи: Берлин, Варшава и Блед (Словенија), со цел билатерални средби и учество на значајни меѓународни настани.

Како што соопшти МНР, од денеска Османи е во работна посета на Сојузна Република Германија на средби со министерот за надворешни работи Хајко Мас и со државниот министер надлежен за Европа Михаел Рот.

Целта на посетата е да се продолжи високиот политички дијалог со Германија, но и да се реафирмираат германските позиции во однос на нашето европско досие, особено пред одржувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија.

Од Берлин, Османи продолжува за Полска каде ќе учествува на „Безбедносниот форум во Варшава“. Ќе оствари средби со неговиот полски колега, министерот Збигњев Рау, но и со финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто и со други значајни политички претставници активни во сферата на безбедноста и транс-атлантските односи.

В среда, Османи ќе се приклучи на државната делегација, предводена од претседателот на Владата, со цел учество на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржува во Брдо кај Крањ, во Словенија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com