3.8 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Османи од Берлин: Бундестагот ќе гласа за почеток на преговори со ЕУ

Најчитани вести

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, во Берлин се сретна со Кристиан Петри, пратеник во германскиот Бундестаг од втората по големина политичка групација- партијата СПД со кого разговарале за поддршката за одлуката за старт на преговорите на Македонија со ЕУ, за која на утрешната седница на Бундестагот треба да се донесе конечна одлука.

„Нова, охрабрувачка порака денес ми пренесе Петри, дека и пратениците на неговата партија СПД, која е и втора по број на пратенички места, вчера со огромно мнозинство донеле одлука со која ќе гласаат за донесување на одлуката за почеток на преговорите на земјата со ЕУ. Утре е седницата на Бундестагот на која е и нашата точка, и сѐ поочигледно е дека Германија ќе гласа ‘за‘ на европскиот самит во октомври“, рече Османи.

Османи е во работна посета на Берлин, каде ќе присуствува на седницата на Бундестагот и во живо ќе ја следи расправата и гласањето. Домаќин на Османи за време на посетата на Берлин ќе биде Претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com