Home Македонија Османи од Белград: ОБСЕ останува посветена на поддршката на реформските процеси во Србија и во регионот

Османи од Белград: ОБСЕ останува посветена на поддршката на реформските процеси во Србија и во регионот

by Журнал.мк

ОБСЕ ги поддржува реформските процеси, борбата против корупцијата и регионалното помирување, а дијалогот е ефикасно средство што се огледа и преку примерот со Северна Македонија, изјави претседавачот на ОБСЕ, министерот Бујар Османи во Белград, на прес конференцијата со српскиот шеф на дипломатијата.

„Ние никогаш не можеме да престанеме да разговараме за работи кои се важни и за дијалогот на Белград и Приштина со посредство на ЕУ, драго ни е што бевме домаќини на Охридскиот договор, кои ќе придонесат за продолжеток на овој процес и на регионалната стабилност. Оваа поддршка ќе ја повторам и утре кога ќе бидам во посета на Приштина. ОБСЕ себе се гледа како платформа за промоција на човековите интереси и наш фокус е мирот и просперитетот“, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Српскиот шеф на дипломатијата ја разбира сложеноста во работењето на ОБСЕ, носењето на одлуки со консензус и изрази жалење што ОБСЕ не ги следеше изборите на Косово. Тој го потенцираше прашањето на Србите на Косово и резервите што ги има ОБСЕ за избор на нов претседавач за наредната година.

„Дозволете да го истакнам нашето големо задоволство од напредокот на односите со Северна Македонија, тие се релаксирани од разни негативни влијанија и дезинформација и интерпретации, и тие се во нагорна линија. Важно ни е учеството на Македонија во Отворен Балкан, што не е само економска иницијатива, туку и иницијатива во чекор напред кон помирување во регионот. Билатерално нè радува економската рамена од милијарда ипол евра и треба уште повеќе да работиме во заштита на културните добра“, изјави Ивица Дачиќ Министер за надворешни работи на Србија.

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Османи во рамки на посетата на Белград имаше средби со премиерката Ана Брнабиќ, со претставници на македонското малцинство во Србија, а предвидена е и посета и средба со координативното тело за Прешево, Бујановац и Медвеѓа.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More