Home » Османи: Ниту една влада и општество, не може да издржи закочени долгорочни ЕУ-перспективи

Османи: Ниту една влада и општество, не може да издржи закочени долгорочни ЕУ-перспективи

by Журнал.мк

Скопје, 28 февруари 2023 (МИА) – Неможноста да ги усвоиме уставните измени значи кочење на европскиот процес на ЕУ-преговорите. Tој што ќе ги предизвика дури и од позиција на опозиција во моментов, да знае дека кога ѝ да се случи да бидат на власт ќе мора да поминат низ уставните измени. Ниту една влада ниту едно општество, не може да издржи притисок на закочени долгорочни ЕУ-перспективи, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи во интервју за „Гласот на Америка“.

-Уставните измени поради многу причини се во наш интерес. Прво, затоа што даваме нов правец на односите со Бугарија, односно на македонско-бугарските односи. Од нивните обиди, тие односи да се стават по капа на историјата, ние даваме нова димензија дека во Уставот јасно се дефинирани мнозинскиот македонски народ и бугарската малцинска заедница, и тоа го трасира патот, каков ќе биде долгорочниот однос меѓу двете заедници во регионот и во Северна Македонија. Втората причина е затоа што тоа ни го определува патот кон ЕУ. Нема ниту една држава во регионот на Западен Балкан добра перспектива, без европска перспектива. Чуму, одложување, кочење на тој процес на штета на граѓаните, кога, знаете дека еден ден ќе мора да поминете низ тој пат. Меѓутоа, тогаш ќе бидат изгубени многу години, а поставените прашања на маса ќе бидат уште потешки и попроблематични. Не гледам причина, зошто да не смогнеме сили и да постигнеме натпартиски консензус во однос на прашање кое во национален интерес, на Македонците, и на сите останати граѓани во целина, изјави Османи.

На прашањето за односите со Бугарија и како можат да се видат позитивни поместувања, Османи вели „ова е класично киднапирање на односите од страна на политичките партии на Бугарија“.

– Со цел да го капитализираат на следните избори, а фактот што нема политичка влада, веќе подолго време, овозможи бришан простор за конзервативни идеи, во бугарското општество да може да излезат на површина и да ја диктираат динамиката. Тие конзервативни моменти вообичаено, една политичка влада ги потиснува, затоа што, тие, штетат не само во државите, туку и воопшто на меѓународната позиција на односите меѓу државите. За жал, во Бугарија, недостатокот на таа политичка капа, овозможува излегување на површина на некои радикални елементи, кои што се обидуваат постојано да го провоцираат нашето општество, а тоа што јас се обидувам, ние да не потпаднеме под тие стапици, и да направиме грешки по патот, затоа што за нас е најважно да остане имиџот меѓу 26-те земји-членки на ЕУ, кој што засега, е беспрекорен во однос на сите наши политики и постигнувања, оцени Османи.

Прашан за проблемот со корупцијата, чие решавање САД го сметаат за клучно, и дека корупцијата продолжува да го кочи напредокот на државата и како американскиот тим санкции може да помогне за ова прашање, Османи рече дека во суштината на Акцискиот план на Стратешкиот дијалог со САД е анти-корупциската политика.

-Покрај тоа што сум во Вашингтон како претседавач на ОБСЕ, на распит во Хелсиншката комисија, исто така важно е да разговарам и со американските претставници во однос на стратешкиот дијалог што го започнавме. Стратешкиот договор со САД го претворивме во акциски план. А во суштината на тој акциски план е антикорупциската политика. Денеска разговарам со сите чинители како САД да ја поддржат таа анти-корупциска политика. Сега имаме два механизам за поддршка на таа политика. Еден е стратешкиот дијалог со САД, а другиот е почетокот на преговорите со ЕУ. Имаме две раце коишто го поддржуваат и поттикнуваат тој процес. Нема бегање од соочување со корупцијата. Мислам дека е важно прашање да го заздравиме општеството. За жал, тие што ги кочат уставните измени, ја потиснуваат темата за анти-корупција на втор план, додавајќи фокус на овие политички прашања, односите со Бугарија, уставните измени, наместо да ги тргнеме тие прашања и рефлекторите да ги вклучиме кон анти-корупциската политика. Не само нашите стратешки партнери САД туку и во самото општество има консензус, таа да биде основна тема во државата, рече Османи за „Гласот на Америка“. нд/са/

Фото: Гласот на Америка

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk