21.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Османи: Не сме кажале дека Фрчкоски е кандидат за амбасадор

Најчитани вести

Во ниту еден момент не сме кажале дека Љубомир Фрчкоски е кандидат за амбасадор, кажа министерот за надворешни работи Бујар Османи во синоќешното гостување во дебатниот магазин „Kлик Плус“ на ТВ21, нагласувајќи дека информациите оти професорот Фрчкоски е кандидат за амбасадорска функција биле изнесени во медиумите.

– Во ниту еден момент ние не сме кажале дека е кандидат или е отфрлен или прифатен, затоа што процедурите на кандидатури на амбасадор, односно амбасадори се до потврдување на агреманот се во дискреција и се класифицирани податоци – истакна Османи.

Шефот на македонската дипломатија потенцираше дека одредена кандидатура за назначување на амбасадор не треба да се земе како официјална вест без потврда од МНР.

Претходно порталот „МКД.мк“ објави дека Фрчкоски нема да биде македонски амбасадор во Вашингтон, повикувајќи се на високи дипломатски извори, бидејќи тој, наводно, не ја добил согласноста за оваа дипломатска функција поради тоа што земјата-домаќин изразила одредени резерви кон него.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести