12.8 C
Skopje
Saturday, November 27, 2021

Османи: Не сметам дека Бугарите се фашисти, разочарани сме од блокадата!

Најчитани вести

Последиците од блокадата за старт на преговорите на земјава со ЕУ, нивното влијание врз ентузијазмот кај населението за евроинтеграциите, како и одлагањето на стартот на процесот на вакцинација, беа темите за кои шефот на македонската дипломатија Бујар Османи се осврна во разговор за МИА од Брисел, по средбите со неговите домаќини при денешната посета на Белгија и вчерашната на Луксембург.

Османи оцени дека постои „разочарување на Северна Македонија и нејзините граѓани“ по блокадата на Бугарија во декември за преговарачката рамка, која требаше да го означи конечно формалниот старт на преговорите за членство во ЕУ.

„Последиците се во влегување на регионот во голема непредвидливост во однос на ЕУ перспективата. Знаете дека не успеа ни преговарачката рамка за Северна Македонија, но ни заклучоците за целиот регион, така што целиот регион влегува во непредвидливост, а во овие околности непредвидливоста е поопасна од негативен исход од некои процеси, затоа што тешко се подготвувате и се браните од непредвидлив период. Ние инсистираме на предвидливост“, вели шефот на македонската дипломатија за МИА.

Конкретно, како што нагласи шефот на дипломатијата, тоа значи дека Северна Македонија е посветена кон имплементација на Договорот за добрососедство од 2017 година и на работата на заедничката Комисија за историски и образовни прашања. Според него, тука треба да се работи на учебниците и „карактеризации од минатото“ кои ги повредуваат чувствата на бугарскиот сосед, како на пример употребата на епитетот „фашистички“.

– Мислам дека нема потреба да се квалификуваат народите врз основа на политичката ориентација на елитите од минатото, ниту сметам дека Германците или Италијанците или Бугарите се фашисти. Конкретната политичка ориентација на една елита од минатото не може да ни ги зароби односите со соседите и ако тоа е навредливо за Бугарија, нема да прифатам нешто што е навредливо за соседите, дури и ако сум во право. Тоа е најнормално помеѓу два соседи, изјави Османи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com