25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Османи: Нарушен амбиентот за соработка со Бугарија- акцентот ќе се стави на Акцискиот план

Најчитани вести

Во последните месеци додека се разговараше за усогласување на преговарачката рамка и за почетокот на преговорите имаше принципиелна поддршка од Грција и грчката позиција беше јасна дека Република Северна Македонија треба да ја одржи првата меѓувладина конференција и треба да се прифати рамката таква каква што е предложена од страна на Комисијата и тоа мислам дека е важно и очекуваме дека таа поддршка ќе продолжи и понатаму сега во оваа фаза кога работиме за да се усогласи рамката, вели министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи за МИА.

Османи вчера ја оствари првата официјална посета на Грција и по средбите со грчкиот државен врв, а кусо пред враќањето за Скопје, во разговор со дописничката на МИА од Атина говори за пораките од Грција, за поддршката од јужниот сосед на нашиот пат кон Европската Унија, за вакцината против Ковид-19, но и за моменталната ситуација во разговорите со Бугарија.

Тој вечи дека на вчерашните средби и двете страни изразиле подготвеност и се согласиле дека втората меѓувладина седница, односно Советот за соработка на високо ниво предводен од премиерите на двете земји треба да се одржи што е можно побргу.

-Драго ми е што почетокот на оваа година го одбележувам со мојата прва официјална посета на Атина и покрај тоа што во септември минатата година како нова Влада бевме на посета во рамките на конференцијата на „Економист“, меѓутоа сепак официјална посета од големо значење, бидејќи се случува во околности кога нашите билатерални односи бележат исклучително позитивен тренд и во политички и во економски и во секој друг поглед и беше задоволство да се направи пресек на овие одлични билатерални односи кои што сѐ повеќе се трансформираат во едно стратешко партнерство помеѓу двете држави. Изразивме задоволство за високиот политички дијалог кој што го имаме и покрај тоа што пандемијата ги ограничува тие можности, но сепак можеме да бидеме задоволни со таа комуникација, меѓутоа и со прашања кои се направени во овој период.

Чест ми беше да се видам и со претседателката на Република Грција и со министерот, меѓутоа и со премиерот и со министерот за европски прашања, и покрај тоа, да ги потпишани трите меморандума кои што значително ќе придонесат во конкретното материјализирање на тие политички односи во конкретни прашања што ќе бидат од значење за двете држави и за граѓаните од двете земји.

Но, тоа што е најважно е континуираната поддршка што ја добиваме од Република Грција, која што уште еднаш беше повторена и истакната и овој пат. Ние сме благодарни на принципиелната поддршка што ја имаше Грција во последните месеци додека се разговараше за усогласување на преговарачката рамка и за почетокот на преговорите и тука грчката позиција беше јасна дека Република Северна Македонија треба да ја одржи првата меѓувладина конференција и треба да се прифати рамката таква каква што е предложена од страна на Комисијата и тоа мислам дека е важно и очекуваме дека таа поддршка ќе продолжи и понатаму сега во оваа фаза кога работиме за да се усогласи рамката

На прашање дали има некаква конкретна иницијатива, помош, за да се тргне бугарското вето и дали би можела Грција да помогне, Османи вели дека очекува поддршка од Грција.

-Видете, се разбира за усогласување на рамката потребен е консензус на сите земји членки и оттука комуникацијата, разговорите со земјите членки за да се објасни нашата позиција се многу важни. Самиот министер рече дека Грција се гледа како фасилитатор, како олеснувач на европската перспектива на регионот и тоа е многу важно заради влијанието на Грција, искуството на Грција да ја има таа улога на олеснувач за регионот да влезе во Европската Унија, па и во тој контекст да се олесни патот на Република Северна Македонија, така да очекувам да имаме поддршка од Република Грција на овој пат.

Разговорите со Бугарија до каде се и дали има нешто ново , Османи вели дека овој период фокус се става на Акцискиот план.

-Мислам дека во овој период акцентот ќе се стави на Акцискиот план, на соработката помеѓу секторите, помеѓу линиските министерства за да се подобри генерално соработката за да создаде амбиент, кој што за жал поради овие разлики во овој период делумно е нарушен и мислам дека ако ставиме фокус на тој Акциски план ќе создадеме предуслови за решавање на разликите кои што постојат во однос на преговарачката рамка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести