13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Османи заминува во Грција на средби со државниот врв

Најчитани вести

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе оствари работна посета на Грција, на покана на својот домаќин, грчкиот министер за надворешни работи, Николаос Дендиас.

На средбата меѓу двајцата министри ќе бидат отворени теми поврзани со билатералните односи меѓу двете земји, интензивирање и продлабочување на политичкиот дијалог во различни области, како и Акцискиот план за соработка и имплементацијата на Договорот за стратешко партнерство (Преспа).

Од Министерството за надворешни работи информираат дека предвидено е и потпишување на неколку меѓународни документи, со кои дополнително ќе се збогати договорната рамка меѓу двете држави.

На агендата на министерот во рамките на посетата на Грција е предвидена и средба и со претседателката Катерина Сакеларопулу, премиерот Кирајкос Мицотакис и алтернативниот министер за европски прашања, Милтијадис Варвициотис.

Во рамките на средбите ќе бидат отворени темите за унапредување на економско-трговската соработка меѓу двете земји, стратешките проекти за поврзување со гас и со гориво, како и учеството на Република Северна Македонија во гасниот терминал „Александрополис“ во Грција.

Предвидено е да се разговара и за политичките актуелности во регионот и регионалната соработка, особено за неговата европска и евро-атлантска перспектива, и поддршката што Грција ѝ ја дава на Северна Македонија во тој контекст.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести