Министерот за надворешни, Османи, со писмо до пратениците пред утрешната дискусија, во Собранието, за уставите измени.
Во петок вие ќе одлучувате за европската иднина на Северна Македонија, определба за која работиме и работеа сите влади во изминатите 30 години. Од вас ќе зависи, дали со прифаќање на промената на Уставот ќе ги продолжиме разговорите по поглавјата за членство во Унијата или ќе запреме во преговорите на подолг рок, до некоја нова шанса, без никаква гаранција за успех, вели Османи во писмото.
Додава, оти ги разбира сите оние што стравуваат од можностите за натамошни обиди за негирање и наметнување нови билатерални услови. Но, вели, најодговорно тврди оти историските и идентитетските прашања не се дел од патоказите и одредниците од кои зависи отворањето и затворањето на поглавјата, напротив, со оваа промена на Уставот, вели, ќе ја зајакнеме нашата меѓународна положба и ќе ја зголемиме меѓународната поддршка и низ преговорите, шансите да продолжиме да ја промовираме и унапредуваме македонската национална посебност, историја и култура, ќе бидат значително подобри и зајакнати. И конечно, одговорно кажувам дека ова не го правиме под диктат на Бугарија, ниту поради уцена од нејзина страна.
Ова е компромис во преговорите, откако нивниот меморандум до ЕУ за непризнавање на македонскиот јазик и нација, не доби поддршка од земјите членки. Компромис со кој го заштитивме македонскиот јазик и идентитет, вели Османи во писмото.