30.8 C
Skopje
Friday, July 23, 2021

Османи во Берлин и Варшава по поддршка за почеток на преговори со ЕУ

Најчитани вести

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, во рамки на неговата турнеја по европските метрополи ќе престојува во работна посета на Германија на средба со германскиот државен министер за Европа и претставник во ЕУ, Мајкл Рот.

Централна тема на средбата ќе бидат европските интеграции на Македонија, во насока на поддршката од страна на Владата на Германија за одлуката за старт на преговорите во октомври, за која Бундестагот ќе расправа на седница на 26. септември.

Од Берлин, Османи директно патува за Варшава, каде ќе се сретне со джавниот секретар за европски прашања при полското Министерството за надворешни работи, Конрад Шимански, како и со министерот за надворешни работи на Република Полска, Јацек Чапутович.

Централна тема и на средбите во Полска ќе бидат европските перспективи на Република Северна Македонија, и поддршката во пресрет на одлуката за почеток на преговорите на Самитот на ЕУ во октомври.

Посетите на Берлин и Варшава преставува дел од европската турнеја на Османи, за посета на европските метрополи, а во пресрет на октомвриските состаноци на Советот на ЕУ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести