15.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Османи: Внесување на Бугарите во Уставот – не пред почетокот на преговорите со ЕУ

Најчитани вести

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оцени дека внесувањето на Бугарите во Уставот е созревање на процесот и оти тоа е најдоброто решение, но дека тоа не можеме да го направиме пред почетокот на преговорите со Европската Унија. „Тоа е најдоброто вин-вин во оваа дебата. Сепак тоа не можеме да го направиме пред почетокот на преговорите со ЕУ. Ако нема решение скоро, мислам дека ќе има сѐ помалку енергија и политички капитал за да се преземе одговорност и да се влезе храбро“, додаде шефот на македонската дипломатија Османи во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Според него, ќе се чека од Европската Унија да каже што понатаму, бидејќи ние сме направиле сѐ што сме можеле и не можеле. „Целиот свет знае што ние направивме, така да топката веќе не е во наша половина“, вели Османи. Тој, во врска со најавата на премиерот Ковачевски за отворање македонски културен центар во Благоевград, рече дека до крајот на годината тоа би можело да се реализира.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com