17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Ослободете се од главоболката без таблети: 5 едноставни и природни начини за ублажување на непријатната болка

Најчитани вести

На поголемиот дел од луѓето добро им е познато чувството на мигрената поради која веднаш посегнуваат по лекови против болки.

Меѓутоа, што доколку лековите предизвикуваат премногу штета на нашиот желудник?

Верувале или не, постојат природни методи кои што можат да ве ослободат од силната главоболка. На интернет можат да се најдат бројни совети, а ние ќе ви претставиме пет најпопуларни.

1. Ладна облога

Тоа би можело да биде првата и наједноставна работа која што може да ја направите за да олесните некои од болките кои се предизвикани од главоболка. Мек и ладен пешкир поставете го преку челото. Тој ќе им помогне на крвните садови да се стеснат. Доколку сакате долготрајно да ја чувате облогата, тогаш мокриот пешкир пред употреба ставете го во пластична ќеса и во замрзнувач 30 минути, па користете.

2. Топла купка

Тоа е неочекувано, но изгледа дека купка топла вода во која што ќе ги ставите нозете помага да се чувствувате подобро затоа што го намалува притисокот на крвните садови во главата. Стар народен рецепт вели дека во водата може да додадете и малку сенф во прав.

3. Чај од ѓумбир

Направете си чај од ѓумбир (ставете три свежи парчиња од коренот во 2 шолји топла вода). Вдишувајте ја пареата од чајот, а потоа пијте го полека. Тоа ќе го намали воспалението, и ќе делува како да сте испиле аспирин.

4. Свеж сок од лимон

Втор природен напиток кој што е еден од најдобрите лекови за главоболка е едноставниот свеж сок од лимон или пак помешан со чај од камилица. Пијте до три шолји дневно за да се ослободите од главоболката.

5. Бадеми

Дали сте знаеле дека овие јаткасти плодови се нарекуваат салицин, а тие се користат и во комерцијалните лекови против болки? Зошто да пиете таблети кога може да изедете една шака бадеми?

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести