Home » Оскаровецот Пол Хагис е обвинет за силување

Оскаровецот Пол Хагис е обвинет за силување

by Журнал.мк

Канадскиот режисер и сценарист Пол Хагис е уапсен во Италија поради обвинувања дека силувал жена. Досега службите не го открија идентитетот на жената која го пријавила.

Таа тврди дека Хагис ја силивал во хотелска соба, каде ја држел два дена во заложништво. Тој се иживувал над неа, а за тоа време неколку пати и сексуално ја злоставувал.

Италијанските медиуми го пренесоа скандалот и напишаа дека режисерерот на крајот ја ослободил и ја оставил на аеродром. Таа потоа повикала полиција и им ги раскажала сите детали.

Медиумите пренесоа дека Пол повеќе пати ја силувал жената и дека и нанел тешки повреди, а потоа ја однел на аеродром за да ја извади надвор од Италија.

На аеродромот двајцата почнале да се расправаат, а откако тој си заминал, таа повикала полиција. Поради повредите таа сега се наоѓа во болница, додека Пол е задржан во полиција. Неговата адвокатка излезе со соопштение.

„Убедена сум дека сите обвиненија против Хагис ќе бидат отфрлени. Тој е нивин и подготвен да соработува со властите за вистината излезе на виделино“, е наведено во соопштението.

Ова не е првпат Пол Хагис да се соочи со вакви обвинувања. Во 2013 година една жена тврдела дека ја силувал во нејзиниот стан во Њујорк. Потоа го пријавиле уште три жени.

За потсетување, Пол Хагис е добитник на Оскарот за филмот „Судар“ од 2006 година и за сценариото на филмот „Девојка од милион долари“. Познат е по неговите остварувања како „Казино ројал“ и „Писма со Иво Џим“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More