„Прекрасното непознато“ како предизвик за секој уметник е мотото на 44-то издание на „Браќа Манаки“. Фестивалот ќе се одржува од 23-ти до 29-ти септември во Битола. Кинематограферот на „Мисисипи гори“, „Трумановото шоу“, „Во името на таткото“, „Пинк Флојд: Ѕидот“ и на други антологиски остварувања, оскаровецот Питер Бижу е добитник на „Златна камера 300“.
Актерката и продуцентка Лабина Митевска, пак, го доби признанието „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ од Друштвото на филмски работници, за исклучителен придонес во македонската кинематографија.
Кога е во прашање македонскиот филм, убави вести сподели Претседателот на друштвото на филмски работници Игор Иванов Изи.
И за ова издание на „Браќа Манаки“, Дамевски најави богата и ѕвездена програма. Фестивалот ќе го отвори филмот „Домаќинство за почетници“ по сценарио и во режија на Горан Столевски, по светската премиера во Венеција.