Home » Освоил речиси 10 милиони евра на лото и не сака да остане анонимен: „Сите треба да знаат колку сум богат“

Освоил речиси 10 милиони евра на лото и не сака да остане анонимен: „Сите треба да знаат колку сум богат“

by Журнал.мк

Во извлекувањето на лотаријата на 24-ти септември, 41-годишниот Курсат Ј. од Дортмунд освоил џекпот во износ од речиси 10 милиони евра.

Добитното лото ливче го уплатил во квартот Нордштад на 22-ри септември. Чико, како што го нарекуваат пријателите, изјавил за медиумите дека заборавил на ливчето и го побарал откако во весниците прочитал дека е извлечен џекпот во износ од 9.927.511 евра. Добитните броеви ги споредил неговиот најдобар пријател, а потоа му се јавил и му кажал: „Вдиши длабоко. Ти не си милионер, ти си мултимилионер“.

„Веднаш отидов кај родителите и им кажав за неверојатната добивка. Едвај дишев, врескав од среќа додека трчав по улиците. Сите мислеа дека сум луд. Дома плачев. Ѝ кажав на мајка ми: ‘Мамо, ние сме богати’“.

Курсат изјавил дека на 12 години ја напуштил Турција со родителите и дошол во Германија. Кога пораснал, го изучувал занаетот во „ThyssenKrupp AG“, германски конгломерат познат по производството на автомобилски делови.

„Во еден момент се оттргнав од вистинскиот пат, западнав во долгови и со години играв лотарија. Добивав, но и губев илјадници евра. Бев црна овца во семејството“, изјавил Курсат.

Кога ги добил парите од лотаријата, си дал отказ на работа и купил „Ferrari“, „Porsche“, скапоцен часовник и станал сопственик на своето омилено кафуле. Лотаријата редовно ги предупредува добитниците да не зборуваат за своите добивки, но Курсат не се грижи за тоа.

„Сите треба да знаат колку сум богат“, вели тој.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More