8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Осамен милионер бара 10 луѓе кои ќе живеат со него на рајскиот имот: Престојот е бесплатен, а еве што уште им нуди

Најчитани вести

Германскиот милионер Карл Рајпен трага по десет лица кои би живееле со него на неговиот имот на Нов Зеланд, кој тој го опишува како рај на Земјата.

Откако со години таму живеел сам, посакал друштво. Рајпен, кој своето богатство го стекнал со продажба на конзервирано ледено кафе, веќе два пати последните седум дена објавил оглас во локалните весници во кои бара луѓе.

На неговиот имот во Нов Зеланд, вреден 8,5 милиони долари, има штала, винарија и затворена арена, а комплетниот имот е сместен на западниот брег на оваа држава.

“Би можеле да живеат во куќи со две соби и да ја делат прекрасната винарија за состаноци и ручек. Може да уживате во прошетки, риболов, шопинг, кајакарање, гледење на птици, пливање и ли гледање на прекрасни животни”, рекол Рајпен.

Тој ги повикал сите до 70 години да се пријават и додал дека се добредојдени и оние кои имаат сопствени коњи.

“Доколку сте заинтересирани да живеете со група интересни луѓе, тоа за вас може да биде нешто сосема ново”, додал Рајпен во рекламата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com