18.8 C
Skopje
Monday, August 8, 2022

Ортопедите советуваат: Избегнувајте одредени обувки на плажа

Најчитани вести

Ортопедите се согласуваат дека некои обувки можат да предизвикаат многу проблеми бидејќи нашите стапала вршат многу важни функции за нашето тело. Покрај дизајнот на обувките, време е да се обрне внимание и на нивната практичност и носливост.

Голема грешка е, на пример, цел ден да се носат летни папучи или многу популарните сандали наменети за носење на базен или на море. Многумина ја занемаруваат и анатомската форма, бидејќи при изборот на летни обувки се фокусираат само на изгледот.

Исто така, експертите посочуваат дека папучите, на пример, се фатални за стапалата. Ако носите влечки со ремен преку прстите, несвесно ќе ги виткате прстите за да не ви се лизгаат влечките од стапалата. Освен тоа, голема е веројатноста дека овие обувки во одреден момент ќе ви паднат од стапалата, па лесно може да изгубите рамнотежа и да се повредите.

Кога носиме апостолки, предниот дел од стапалото ја носи целата тежина на тие обувки. Кога правиме чекор, апостолките остануваат да висат на прстите, а тие треба да го подигнат предниот лак и да ја доближат апостолката до стапалата за да можеме да чекориме. Во овој случај, петицата често е нестабилна на задниот дел од стапалото.

За разлика од нив, се препорачуваат летни обувки со три прерамки – една напред, една околу средината на стапалото и една која ќе го потпира глуждот.

Како многу штетен споменуваат уште еден модел, а тоа се потпетиците. Експертите советуваат да носите потпетица висока околу 2 сантиметра и често да ја менувате висината на потпетицата, бидејќи ако постојано носите иста висина, може да се оштетат мускулите на задниот дел од ногата.

Накратко, избегнувајте ги следниве три модели на летни обувки за што е можно подолго да ги одржувате вашите стапала здрави:

1. апостолки

2. папучи за плажа

3. сандали со високи потпетици

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com