14.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Оревот е чувар на нашето здравје, еве зошто

Најчитани вести

Оревите содржат повеќе антиоксиданси од кикириките, бадемите, лешниците, тој се смета за идеална храна за мозокот. Оревите се богат извор на омега-3 масни киселини, кои се одговорни за правилно функционирање на мозочните клетки и невротрансмитерите одговорни за промена на расположението, поради што тие се корисни при лекувањето на депресијата

Зелените плодови содржат  големи количества витамин Ц и јод, а традиционалната медицина  најчесто ги препорачува во лекување на штитната жлезда како составен дел од ликерот кој се приготвува од оревот. Освен тоа, овој народен лек благотворно делува врз желудникот и ја зајакнува крвта.

Овој јаткаст плод е богат со магнезиум и со омега-3 масти. Освен тоа, доколку јадете ореви нема да ве мачи несоница, ќе го намалите ризикот од болести на срцето, од добивање канцер, дијабетес и Алцхајмерова болест.

-Ја намалува големината на струкот, па така идеални се за диетите

-Го намалуваат ризикот за развој на болести на срцето.

– Го подобрува здравјето на мозокот

– Го намалува холестеролот

– Го зголемува бројот на сперматозоиди кај мажите

– Го намалува ризикот од дијабетис

– Превенција од рак

– Ги зацврстува коските, кожата и ноктите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com