7.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Организаторите на автосаемот во Женева донесоа тешка одлука

Најчитани вести

Организацискиот комитет на Саемот за автомобили во Женева (ГИМС) одлучил да го одложи салонот. Салонот нема да биде организиран, како што беше претходно најавено, од 19 до 27 февруари 2022 година, туку ќе биде одложен за уште една година.

Според официјалното соопштение, одлуката е во интерес на производителите, излагачите, но и самата публика, што не остава простор за алтернативи. Ограничувањата за патување од една страна, но и индиректните причини како што е кризата предизвикана од недостатокот на чипови, создаваат некои нови приоритети за производителите на автомобили.

„И покрај сите напори, мора да се соочиме со реалноста: пандемијата не е под контрола и претставува голема закана за настани во затворен простор, како што е ГИМС. Оваа одлука ја гледаме како одложување, а не отповикување. Сигурен сум дека ГИМС ќе се врати во 2023 година посилен од кога било досега “, рече Морис Туретини, претседател на Организацискиот комитет на ГИМС.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com