17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Орбан: Постојат добри шанси да имаме лето без мерки

Најчитани вести

Унгарија може да ја започне првата фаза на олеснување на рестрикциите поради коронавирусот откако ќе се вакцинираат дополнителни милион граѓани, рече премиерот Виктор Орбан.

„Има големи шанси да имаме лето без рестриктивни мерки“, изјави Орбан за јавното радио, додавајќи дека болниците успеале да се справат со рекордниот бран на инфекции. Дневниот број на заразени надмина 10.000, достигнувајќи нов рекорд од 10.759.

Надминат е и дневниот рекорд на бројот на починати, кој сега изнесува 213, во земја со 10 милиони жители. Вакцинациите продолжуваат и речиси 1,5 милиони луѓе се вакцинирани додека владата се обидува да ја спречи пандемијата и повторно да ја отвори економијата. Орбан рече дека ограничувањата може да почнат да се олеснуваат кога тој број ќе се искачи на 2,5 милиони или четвртина од населението.

Тој сака да има што е можно повеќе имунизирани лица, за повторно да се отвори и рестартира економијата, која минатата година падна за 5,1 процент.

Орбан ја повтори својата поддршка за употребата на руските и кинеските вакцини, кои Унгарија ги одобри и ги примени како прва земја во Европската унија.

Тој исто така рече дека неговата националистичка партија Фидес ќе се здружи со партиите со сличен поглед на светот во Италија и Полска за да ја реорганизира европската десничарска политика.

Орбан наскоро ќе се сретне со Матео Салвини, кој ја предводи италијанската десничарска партија Лига и полскиот премиер Матеуш Моравиецки.

„Заедно ќе ја планираме иднината“, рече Орбан.

Фидес вчера официјално ја извести Европската народна партија (ЕПП), главната конзервативна група во Европскиот парламент, за напуштање на блокот. Орбан рече дека Фидес во последните години политички се дистанцирал од ЕПП за прашања што вклучуваат даноци и справување со пандемијата.

Орбан, кој се соочува со избори во 2022 година, подготвен е за најтешкиот предизвик во своето десетгодишно владеење бидејќи на изборите ќе се натпреварува со обединета опозиција, која е изедначена со него.

Во последниве години, премиерот се сврте кон сè поостра реторика, заговарајќи етничка хомогеност, имитирајќи ја полската анти-ЛГБТ политика со законски измени и користејќи остар јазик против унгарското ромско малцинство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести