Откако партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан ја напушти пратеничката група на Европската народна партија во европскиот Парламент, сега е потврдено дека преговара со европските конзервативни политички сили, вклучувајќи го и Матео Салвини, за формирање нова парламентарна група во Европскиот парламент (ЕП).
Зброувајќи за државното радио, Орбан изјави дека откако неговата партија ја напушти парламентарната група на конзервативната Европска народна партија (ЕПП) во ЕП во средата имало разговори со некои политички сојузници во Полска, но не прецизираше со кого.
Орбан ги потврди и преговорите на Фидес со лидерот на италијанската десничарска Лига, Матео Салвини, но и со Џорџо Мелони, кој ја предводи партијаta „Браќа на Италија“.
Унгарскиот премиер истакна дека неговата партија нема да брза по ова прашање и оти целта е Фидес во Европскиот парламент да се поврзе со слични сили кои не сакаат доаѓање на мигранти и се залагаат за заштита на традиционалното семејство.