Home » Општините од истокот поединечно ќе го третираат проблемот со комарците

Општините од истокот поединечно ќе го третираат проблемот со комарците

by Журнал.мк

Врнежите од дожд ја пролонгираа планираната акција за прскање против комарци. Општина Свети Николе е една од ретките каде во текот на летниот период ќе се прска авионски и тоа 6 пати.

– Се работи за мали авиони кои можат доста ниско да летаат над земјата. По консултациите што ги имавме со стручни луѓе за оваа област, добивме информација дека е најдобро такво прскање, бидејќи ги опфаќаат сите легла на комарци- изјави Дејан Владев, градоначалник на Свети Николе.

Локалните самоуправи, секоја поединечно ќе се справува со овој проблем, зашто и годинава не успеа да се изнајде регионално решение. Помалите општини поради наталожените долгови, немаат средства за оваа намена, а повторно изостана финансиската поддршка од централно ниво.

– Жалам што ефектот ќе биде минимален, но ние мораме да си ја завршиме нашата обврска. Од друга страна, ако не го спроведеме ова како активност, ќе имаме дополнител проблем и одговорност како локална самоуправа. Затоа, апелиравме до надлежните, до централната власт, да се вклучи во оваа постапка, да сите региони и сите локални самоуправи кои не се ликвидни, а имаат поголеми површини, да бидат финансирани преку ресорните министерства за да имаме ефект од постапката за прскање и третирање против комарци и ларвициди- изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Просечно, поголемите ликвидни општини од источниот регион издвојуваат по 2 милиони денари од општинските буџети за прскање против комарци.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk