Home » Општина Ѓорче Петров ѝ врати 62 акции на Македонија ЃП

Општина Ѓорче Петров ѝ врати 62 акции на Македонија ЃП

by Lina Muslija

Општина Ѓорче Петров со одлука на Советот вчера ѝ врати 62 акции на Македонија ЃП, со цел тимот да пронајде нови инвеститори во иднина.

Градоначалникот на општин Ѓорче Петров, Александар Стојкоски беше на тренингот на македонскиот прволигаш и најави дека ќе продолжи со поддршката кон клубот.

– На последната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров беше донесена Одлука за давање согласност за оттуѓување на правата на сопственост на хартиите од вредност во ФК „Македонија Ѓорче Петров 1932“ – АД Скопје, односно Општина Ѓорче Петров ќе ги подари овие акции на ФК Македонија ЃП 1932. Оваа одлука практично придонесува клубот да креира нови перспективи кои ќе овозможат поголем развој за самиот клуб, како и привлекување на инвеститори кои би сакале да вложуваат во спортот, конкретно во ФК Македонија Ѓорче Петров 1932. Оваа одлука којашто е донесена од страна на Советот, покрај тоа што ќе му олесни на клубот при управувањето, конечно ќе ја прекине лошата традиција политиката да биде вмешана во спортот. Политиката и политичарите мора да бидат настрана од спортот и во клубовите да фигурираат и да придонесуваат, исклучиво луѓе коишто се дел од спортот и коишто навистина на вистински начин ќе придонесат за развој и нови спортски успеси, објави Стојкоски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More