17.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Општина Тетово се ОГРАДИ: Ние не сме надлежни за модуларната болница, туку Министерство за здравство

Најчитани вести

Општина Тетово преку соопштение отфрла каква било одговорност за надлежноста врз модуларната болница, во која во пожар загинаа 14 лица. Општината тврди дека надлежностите за модуларните болници ѝ припаѓаат на централната власт.

Изградбата на модуларната болница е реализирана со посебен закон, кадешто сите надлежности се насочени кон централно ниво, односно кон Министерството за здравство, велат од општината.

Од таму додаваат дека со последните измени во Законот за градење објавени во Службен весник во ноември минатата година, пишува дека барањето за реализација или поставување на модуларни објекти наменети за вршење здравствена дејност се доставува до Министерството за здравство и решението го издава тоа министерство.

Според Општината, општинските инспектори немаат законска надлежност да контролираат специјални објекти и згради од прва категорија и дека системите за безбедност и гаснење пожар и контрола на нивната функционалност се исто така во надлежност на Министерството за здравство.

За модуларната болница во Тетово општината тврди дека е градба од прва категорија и за неа инспекција и надзор врши Државниот инспекторат врз основа на членот 128 став (2) од Законот за градење. Водоводните и канализациските инсталации се во надлежност на договорната компанија, додека Општината само ги поврзува, тврдат од локалната власт.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com