27.8 C
Skopje
Monday, August 8, 2022

Општина Тетово потпиша меморандум со Здружението на Албанци за наука и уметност

Најчитани вести

Општина Тетово денеска потпиша меморандум за соработка со Академското здружение на Албанците за наука и уметност – Тетово. Целта на меморандумот, како што информираат од Општината, е меѓусебна координација, планирање и реализација на различни истражувачки, едукативни, научни и културни активности.

– Исто така, со овој меморандум за соработка ќе се овозможи изготвување стратегија, која ќе биде во согласност со законите, со која улиците во Тетово ќе имаат албански имиња и со која на Тетово ќе му се врати културата и традицијата, како што му доликува. Врз основа на овој Меморандум, начинот на соработката, координацијата и спроведувањето на конкретни активности, ќе се врши врз основа на заемно дефинирана и усогласена програма, со соодветни обврски за секоја од потпишаните страни, се вели во соопштението на Општина Тетово.

Од таму додаваат дека ќе продолжат да го поддржуваат секој поединец и здружение кое ќе придонесе за подобрување на условите за живот во градот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com