Околу 500 квадратни метри е дворното место на станарите од зградата 49 на улицата „Максим Горки“ во Струмица. Секојдневно се грижат за него. Иљашев вели дека посветуваат многу внимание и љубов кон дворното место на кое се засадени стотина дрвца и цвеќиња и кое наликува на мал парк.
Со години добиваат награда од општинските власти за нивниот труд. Парите ги инвестираат како во дворното место така и за реновирање на колективната станбена зграда.
До 165 илјади денари може да добие колективна станбена зграда во Струмица за подигнати зелени површини. Општината распиша јавен повик за што од Буџетот има издвоено половина милион денари. Целта е да се стимулираат жителите за уредување и одржување на дворните места пред колективните станбени објекти.