33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Општина Куманово во рамките на своите надлежности редовно ги извршува своите работи

Најчитани вести

Општина Куманово во рамките на своите надлежности редовно ги извршува своите работи. Во делот на зимско одржување и службите на јавно претпријатие Чистота и зеленило и фирма, која што има добиено уредно на тендер, редовно и ревносно ги извршуваат своите задачи. Обвинувањата на денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ се неиздржани и лажни.

Во општината не постојат фирми, блиски или далечни до политичка партија, туку на уредни тендерски постапки, согласно Закон за јавни набавки, работа добиваат правни и физички лица кои имаат најповолна понуда и вооедно имаат, согласно договорот, обврска да ја извршат работата.

Не е точен податокот дека општината има платено 10,4 милиони денари за зимско одржување на улиците, бидејќи договорот е склучен врз база на количина, т.е. километри исчистени коловози, согласно планот за зимско одржување на градот, кој е поделен во три зони по приоритети. Конечниот износ за потрошени средства ќе се знае по завршување на зимската сезона и тој податок оди во јавноста и на разгледување пред Советот на општината.

Божиновски и ВМРО ДПМНЕ повторно се служат со евтин политички маркетинг, но општината нема да навлегува во тоа, туку ќе продолжи интензивно да се справува со состојбата.

Денеска се одржа и седница на Општински штаб за заштита и спасување и се констатира следното:

-Сите патишта од прва категорија, улици и булевари на територија на општината во централно градско подрачје, урбаните и урбано-руралните средини се целосно проодни и третирани;

-Во моментов се работи на патиштата од втора категорија, кои што исто така се проодни, но дополнително ќе бидат третирани со сол и средство против замрзнување;

-Дополнително екипите на Чистота и зеленило работат на расчистување на градскиот плоштад и тротоарите во централното градско подрачје, а дежурните екипи продолжуваат да ги расчистуваат снежните наноси и во приградските населби и села во општина Куманово;

-Апелираме до граѓаните на внимателен однос при учество во сообраќајот, да не ги паркираат своите возила на јавно-прометни површини, на кои што се чисти снег бидејќи дополнително ја отежнуваат работата на службите;

-Воедно апелираме на сопствениците на трговските дуќани да го почитуваат Законот, да ги исчистат снежните наноси пред влез и излез на дуќанот, бидејќи тоа е нивна законска обврска. Дополнително комуналната инспекција ќе изврши увид во состојбите;

-Апелираме до граѓаните, кои ги чистат снежните наноси пред дворните места и тротоарите снегот да го складираат на одредени точки, но да не го исфрлаат на улиците, бидејќи создаваат дополнителен проблем во проодноста на улиците и непречено движење на возила. Овие наталожени количини на снег во текот на денот и утре ќе бидат дислоцирани од страна на ЈП Чистота и зеленило по приоритет-централно градско подрачје и улици од прва категорија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести