12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Опсада на амбасадата на Русија во Загреб, Хрватите бараат вакцини

Најчитани вести

Илјадни граѓани на Хрватска стапиле во контакт деновиве со амбасадата на Русија во Загреб во потрага по руската вакцина против коронавирусот.

Меѓутоа, хрватските власти засега не упатиле официјално барање за набавка на Спутник V, пишува денес Вечерњи лист.

Венсикот наведува дека руската амбасада е „под опсада“ на Хрватите и дека секојдневно одговара на стотици прашања на хрватските граѓани испратени преку телефон или електронска пошта за тоа како може да се стигне до руската вакцина.

Граѓаните, меѓу кои и руски државјани во Хрватска, прашуваат дали можат да се вакцинираат во руската амбасада или таму да ја купат вакцината, каде и како можат да дојдат до вакцината, додека некои прашуваат дали можат да отпатуваат во Русија и таму да ја примат Спутник V, пишува загрепскиот весник.

„Нормално дека би сакале да помогнеме, но ние ниту вакцинираме, ниту набавуваме вакцини“, изјавија од амбасадата на Русија за Вечерњи и додадоа дека во Русија се вакцинираат само руските државјани.

Како што навела руската амбасада, за увоз на какви било лекови во Хрватска потреби се соодветни дозволи на државните тела и надлежни институции на Европската Унија.

Соговорниците на весникот истакнуваат дека „амбасадата е спремна да ги вложи сите напори за интензивирање на билатералниот дијалог и за максимално брзо решение на прашањето на испорака на вакцината од руско производство ако има иницијатива на хрватските власти“.

„За жал, досега не добивме никакво официјално барање од хрватска страна во врска со набавката на руската вакцина“, велат во амбасадата и додаваат дека ни нејзиниот персонал сè уште не се вакцинирал, бидејќи во Русија не одат поради проблемите со директните патувања.

Весникот наведува дека големиот интерес за руската вакцина почнал по објавувањето на резултатите од третата фаза на клиничките истражувања на Спутник V во магазинот Лансет на почетокот на февруари. Се потсетува дека производството на Спутник V беше критикувано најмногу поради брзината, желбата веднаш да се дојде до резултати и недостигот од транспарентност.

Рускиот амбасадор во Хрватска Андреј Нестеренко неодамна во интервју за Вечерњи лист истакна дека се спремни да ги разгледаат конкретните детали за испорака на дози од Спутник V на Хрватска, ако таа тоа го побара.

Се потсетува дека во ЕУ само Унгарија набави руски вакцини, додека други држави покажале интерес, но засега чекаат одлука од Европската агенција за лекови, која претходно треба да добие барање од произведувачот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести