18 C
Skopje
Saturday, February 27, 2021

Опремата на младите фудбалери е „заробена“ на аеродром во Шпанија, тренингот е откажан

Најчитани вести

Македонската младинска фудбалска репрезентација која треба да игра со Шпанија се соочува со големи проблеми по пристгнувањето во оваа земја.

Опремата на фудбалерите е задржана на аеродромот, од таа причина синоќа не бил одржат планираниот тренинг, проблемот се уште не е решен.

„Целата опрема на репрезентацијата е задржана на аеродром од пристигнувањето во Шпанија (тимот пристигна вчера во 16:20) и се уште не е ослободена.
Синоќа тренингот на Македонија (беше закажан во 19:30) не е одржан поради таа причина.
Од Шпанска федерација одговорот е дека не знаеле за некој нов закон и барање некаква декларација за таков вид на носење / подигнување опрема.
ФФМ нема добиено никаков допис дека е потребна дополнителна документација за носење / подигнување на опрема.
Информиран е делегатот на натпреварот и амбасадата на Македонија во Шпанија.
Техничкиот менаџер на МКД синоќа до 23:00 часот бил присутен на аеродром заедно со економите од репрезентацијата, но не добил информација што всушност е потребно и дали опремата ќе биде ослободена.
И покрај инсистирањето на нашите претставници на аеродромот да пристигне претставник и од Шпанска федерација, не дошол никој и по пет часа чекање“, соопштуваат од ФФМ.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести