17.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Опра се ОПАРИ : За интервјуто со Меган Маркл, сè уште на сметка ѝ ,,легнуваат” милиони

Најчитани вести

Зборовите се скапи кога разговарате со Опра Винфри. Интервјуто кое славната водителка го направи со Меган Маркл и Хари е главна тема на светските медиуми скоро цел месец и таа заработи не помалку од седум милиони долари од тоа.

Опра ги продаде правата за емитување на ексклузивно интервју со британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл на Си-Би-Ес за седум милиони долари, но според странските медиуми, водителката сеуште „собира плодови“ и нејзината сметка ќе биде побогата барем уште 10 милиони.

Во двочасовно интервју, кое беше емитувано на телевизијата ЦБС, парот зборуваше за наводниот расизам и дисфункција на кралското семејство. Комплетното интервју, според проценките на Нилсен, го следеле во живо 17 милиони гледачи. Иако интервјуто беше емитувано во ударно време, овој број на гледачи се смета за исклучително голем.

Во едно интервју, Меган рече дека размислува за самоубиство, додека Хари рече дека тој и неговото семејство се чувствувале „заробени“ додека биле членови на кралското семејство.

Сепак, подоцна се покажа дека Меган лажела или барем спинувала некои работи за време на интервјуто. Додека таа без сомнение имала проблеми со депресија и целиот свет ја нагласува важноста на менталното здравје, нејзиниот сертификат за брак покажа дека таа и Хари не се венчале два дена пред нивната прескапа венчавка, како што тврдеше Меган.

Другите негодуваат за тоа што во интервјуто изјавила дека нејзиниот син не ја добил титулата поради бојата на кожата, кога Арчи, кој сега е правнук на сегашниот монарх, автоматски ќе стане принц кога неговиот дедо ќе го заземе престолот.

Нејзиното изненадување што морала да се однесува кон кралицата на Англија како кралица, а не како слатка бабичка, тврдењата дека не ѝ понудиле обука како да се однесува како дел од кралското семејство, беа оценети како неточни, бидејќи и таа самата рече дека ангажирала две агенции кои ѝ ги дале тие упатства. Споредбата со Малата сирена, која се вљуби во принцот и го загуби гласот, изјавата дека ѝ го одзедоа пасошот, а во тие две години поминала десетина пати во странство, претставувајќи се како маченик додека живееше во палата и вила вредна неколку милиони долари ја налутија еден дел од јавноста.

Сепак, оние што се лути, многу повеќе се лутат на Хари кој го оцрнил сопственото семејство, јавно пред целиот свет. Преовладува мислењето дека американските жешки теми како што се расизмот и третманот на жените се обиделе вештачки да бидат пренесени во британското општество, кое не страда од овие проблеми на начин на кој страда Америка.

Секако, има и такви чии симпатии ги освои овој млад пар. Од сè може да се извлече еден заклучок – единствената која доби од ова интервју е Опра Винфри.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com