-6.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Опозицијата победи на локалните избори на Косово

Најчитани вести

Главниот град на Косово, Приштина, во наредните четири години ќе биде воден од градоначалник од редовите на опозицискиот Демократски сојуз на Косово, архитектот Прпарим Рама, кој во вчерашното прегласување за локалните избори го победи ривалот од владејачкото Движење самоопределување, доскорешниот министер за здравство, Арбен Витиа.

Победата, со 51,07 наспроти 48,93 отсто од освоените гласови, по затворањето на гласачките места ја прогласи самиот Рама, а противкандидатот Витиа, го призна поразот. По вчерашниот втор круг градоначалнички избори во Косово, според медиумите и аналитичарите во земјата, се потврди драстичниот пад на рејтингот на владејачката Самоопределување, која на парламентарните избори годинава извојува убедлива победа. Партијата на премиерот Албин Курти на овие локални избори освои само четири градоначалнички места, иако во предизборието претендираше на апсолутна победа во речиси сите општини со мнозинско албанско население.

Според конечните резултати, најголем успех постигна партијата на косовските Срби, Српска листа. Оваа партија, која ја има отворената поддршка од официјален Белград и за која кај косовските Срби, меѓу другите, повикува да се гласа и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги доби сите десет општини со мнозинско српско население, од кои девет во првиот круг, одржан на 17 октомври, и еден во вчерашното прегласување.

Што се однесува до партиите на косовските Албанци, најдобар резултат забележа најголемата опозициска партија, Демократската партија на Косово (ПДК), со девет освоени општини. Следат ЛДК со седум, Алијансата за иднината на Косово (ААК) со пет и ВВ со четворица градоначалници. По една општина освоија вонпарламентарната Социјалдемократска иницијатива (Нисма) и еден независен кандидат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com